Донесени решенија за санкционирање на 22 полициски службеници

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 22 решенија против 22 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2 , 3 ,4, 7, 10 и 14 и член 207 став 1 и точки 8, 11 и 15 од Колективниот договор на МВР. Притоа, на 18 вработени им е изречена мерка “парична казна“ на еден вработен мерка – „писмено предупредување” и тројца вработени мерка-“запирање на постапката“, а се работи за:

А.М. полицаец за БПС ПО за БПС Гостивар изречена му е мерка “парична казна” (во текот на работното време бил затекнат како излегува од приватно возило и не постапувал согласно задачите предвидени во наредбата за вршење на служба).

Н.Ч. полицаец за БПС Одделение за БПС изречена му е мерка „писмено предупредување” (на работно место дошол неуреден).

У.Ј. полицаец во ПО Попова Шапка, ПС од ОН Тетово изречена му е мерка “парична казна” (недолично се однесувал за време на обезбедување на фудбалски натпревар).

С.М. полицаец за обезбедување на објекти-Битола ПО за НФОО Битола изречена му е мерка -“запирање на постапката“ (нема повреда).

Г.Ф. полицаец ПС од ОН Струмица изречена му е мерка “парична казна” (не превзел мерки против лица, кои во неговиот двор внеле бесправно сечени дрва).

Б.А. полицаец ПС за ГН и ГП Богородица изречена му е мерка “парична казна” (не го набљудувал просторот на кој се случувале кривични дела и не вршел обиколка на ТМВ со кое било извршено кривично дело).

Д.Б. полицаец ПС за ГН и ГП Богородица изречена му е мерка “парична казна” (не го набљудувал просторот на кој се случувале кривични дела и не вршел обиколка на ТМВ со кое било извршено кривично дело).

Г.Ј. полицаец ПС од ОН Аеродром изречена му е мерка -“запирање на постапката“ (нема повреда).

Ф.Р. виш инспектор за илегална миграција и прекуграничен криминал изречена му е мерка “парична казна” (патувал во Р.Албанија без согласност од непосреден старешина).

Д.Ч. полицаец ПС од ОН Велес изречена му е мерка -“запирање на постапката“ (нема повреда).

С.Д. СВР Штип изречена му е мерка “парична казна” (како член на Комисија, дозволил да застари рокот за донесување на решение).

К.Т. СВР Штип изречена му е мерка “парична казна” (како член на Комисија, дозволил да застари рокот за донесување на решение).

М.К. полицаец за БПС во ПО за БПС Радовиш изречена му е мерка “парична казна” (употребил огнено оружје).

Б.Н. полицаец ПС за ГН и ГП Богородица изречена му е мерка “парична казна” (носел девизни парични средства за време на работа).

М.К. полицаец за БПС во ПО за БПС Крива Паланка изречена му е мерка “парична казна” (дрско и недолично се однесувал).

З.Ѓ. полицаец за превенција по сообраќајни работи изречена му е мерка “парична казна” (отсуствувал од работа).

З.Д. виш инспектор за прифат – Сменоводител во ПС ОН Драчево изречена му е мерка “парична казна” (пропуштил обука).

Ш.И. полицаец во ПС за ГП и ГН Белановце изречена му е мерка “парична казна” (не постапувал совесно со средствата за работа).

Н.К. полицаец во ПС ОН Струга изречена му е мерка “парична казна” (не носел капа).

Д.И. полицаец во ПС ОН Прилеп изречена му е мерка “парична казна” (непристојно се однесувал).

С.К. полицаец во ПС ОН Прилеп изречена му е мерка “парична казна” (го напуштил работното место и спиел за време на работа).

М.Ѓ. самостоен Криминалистички техничар за увид на место на настан во Отсек за криминалистичко технички увиди и прелиминарни анализи изречена му е мерка “парична казна” (материјалот не бил соодветно спакуван).