Поради дефект прекин во водоснабдувањето во делови на општина Дебрца

Поради дефект на главната водоводна мрежа, во близина на село Горенци, од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“, ги информираат жителите на с.Горенци, с.Оровник, с.Подмоље, дел од с.Требеништа, аеродром св. Апостол Павле, дека во вечерните часови, и попладневните часови утре – понеделник, ќе нема вода за пиење.