Плакета за заменик-градоначалникот Ангел Јанев

Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебрца, на денешната седница на Собранието, на заменик градоначалникот Ангел Јанев му додели Плакета за особен придонес во развојот на пензионерската организација.

Во име на градоначалникот на оштината Охрид Никола Бакрачески, сакам да објавам, дека благодарение на огромната посветеност на градоначалникот, Локалната самоуправа, неколку министерства, советници, граѓани и на вашата организација, дојдовме до фазата за предобјава на јавен повик за интерес за изградба на најголемата повеќе децениска потреба на пензионерите на Охрид и Дебрца, домот за пензионери и стари лица“– рече заменик градоначалникот Ангел Јанев на седницата на Собранието на здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца.

Penzioneri_godisna_sredba_4853 Penzioneri_godisna_sredba_4854