Протест на вработените од охридски ЕМО

Вработени во АД ЕМО-производство Охрид денес одржаа мирен протест по охридските улици.

Дел од паролите гласеа: „ЕМО-вци робови на 21ви век“, „Ние сме гладни“, „40 маченички плати и придонеси“, „Борба за здравје и достоинство“ со кои вработените по којзнае кој пат потсетија за состојбата во ЕМО.

Како што истакнаа штрајкувачите, иако календарски зимата започна денес – за нив зимата трае цели 365 денови.

WebOhrid