Претседателот на СДСМ Заев се сретна со извршниот директор на мрежата на Централно европската иницијатива за родови прашања

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката Радмила Шекеринска и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, денеска остварија средба со Соња Локар, извршен директор на мрежата на Централно европската иницијатива за родови прашања.

На средбата за разменија мислења за политичката состојба во земјава и регионот.

Родовата еднаквост, вклученоста на жените во активниот политички живот и едукацијата на жените се правци во кои треба да работи Македонија како земја која претендира да стане дел од Европската заедница, истакна Локар.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев посочи дека вклученоста на жените во партиските активности на Социјалдемократскиот сојуз изнесува 40 % и дека нивната улога е важна во носењето на одлуките и креирањето на политиките на партијата.

Заеднички беше констатирано дека проблемите со кои се соочува земјата, големиот процент на сиромаштија, иселувањето на младите, и големиот процент на невработеност директно ги засегаат жените и затоа нивната вклученост во политиката е неопходна за нивно решавање.