ОО на СДСМ Охрид денес испрати соопштение, во кое се вели:
„Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски бега од соочување со граѓаните на Република Македонија.
Претставниците од владеачката партија, вчера не дојдоа на дебатата организирана од Младинскиот совет од Охрид на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро“, на којашто беа поканети пратениците од 5-тата изборна единица и советници.
На дебатата присуствуваа голем број граѓани и граѓански здруженија, урбаните и месните заедници. Требаше да се дебатира, да се отворат заедничките проблеми и предложат решенија.
Но, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на власта во Советот на општина Охрид не најдоа време да се соочат со граѓаните.
Не најдоа време да им одговорат на граѓаните колкава штета претрпе Охрид со донесениот Закон за Охрид.
Не најдоа време да одговорат зошто го менуваат законот за урбанизација и во новиот предлог заговараат донесување на Урбанистички планови со 1/3 од советниците во Советот.
Не најдоа време да одговорат зошто не се почитуваат законите за пловидба и зошто надлежните органи не ги спроведуваат?
Зошто дозволија да се предлагаат проекти за изградба на Градска марина во Студенчишкото блато и хотелски комплекс непосредно во самиот брег на Охридското Езеро во село Љубаништа.
Граѓаните на Охрид и охридско останаа без одговори на овие прашања поради стравот на власта да се соочи со народот.“- стои во соопштението на ОО на СДСМ Охрид.