Конечно падна…снегот!

По најавата од Управата за хидрометеоролошки работи дека од денес нашето подрачје ќе потпадне под влијание на студена воздушна маса, при што ќе има значителна промена на времето со нагло опаѓање на температурата, вечерва Охрид го покри снежна покривка.

Врнежите ќе продолжат и преку ноќта, а во утре претпладне врнежи ќе има уште само на исток од земјава.

Од недела до вторник следува период на студено време со повремен снег. Утринската темпаратура ќе биде претежно во интевалал од -7 до 0, а дневната ќе се движи од -5 до 2 степени. Поинтензивни врнежи се очекуваат во недела ноќта кон понеделник, кога на планините ќе се формира значителна снежна покривка. Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и многу студено време со умерен северен ветер.