СДСМ: Остануваме доследни на своите ставови, нема да се вратиме во собранието

СДСМ денес со соопштение до медимите дека остануваат доследни на своите ставови, дека нема да се вратат во собранието на Република Македонија. Во соопштението стои:

„Се што се случува во Собранието изминатите 8 месеци, во врска со пратеничките мандати на опозицијата, не е во согласност со Уставот ниту законите на Р. Македонија.

Пратениците од СДСМ и коалициските партнери поднесоа изјави за неприфаќање на мандатите, но мнозинството одлучи насилно да ги верификува.

Потоа, пратениците од опозицијата доставија и оставки до Собранието на Р.Македонија коишто власта не ги констатира со месеци.

Опозицијата останува доследна на своите ставови: нема да се вратиме во Собранието на Р. Македонија се додека власта не прифати преговори за суштинските теми што ќе ги вратат демократијата и правото на слободен избор на граѓаните.“- стои во соопштението.