Електрична енергија, природен гас, јаглен и нафтени продукти, октомври 2014

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 677 413 МWh електрична енергија, 7.213 мил. nm3 природен гас, 522 040 тони јаглен и 83 138 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66.5% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.2% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.