Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат. Во утринските часови врнежи од снег со среден интензитет се бележат во југозападниот дел од државата, а врнежи со послаб интензитет се бележат во Маврово, Делчево, Гостивар и Смојмирово.
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила се воведени на пат.правци: Тетово – П.Шапка во 10.15ч. , крак Маврово – Дебар во 11.40ч , Дебар – Струга во 12.30ч. , Струга – Дебар во 14.30ч. , Гостивар – Стража – Кичево во 13.20ч. , Струга – гр. премин Ќафасан во 15.30ч. , планинските превои Буково и Ѓавато во 17.00ч. , К.Паланка – гр.премин Деве Баир во 18.30ч.
На пат.правец Тетово – Јажинце задолжителна е употреба на зимска опрема за сите видови на возила, а од Вратница до Јажинце поради врнежи од снег и силен ветер кој прави намети на коловозот не се препорачува движење на тешки товарни возила.
Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес и Куманово-К.Паланка.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен и редовно ги одржуваат проодни сите патни правци.
На учесниците во сообраќајот, оттаму им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената патна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.