Соборениот авион МН17 всушност бил исчезнатиот МН370 !?

Соборениот авион МН17 според многумина аналитичари всушност претставува исчезнатиот МН370.

Целта за ваквиот брутален чин што го направила една страна е да се обвини другата страна, а главни осомничени се САД.

Една од најверодостојните теории е летот на Малезија Ерлајнс МН370 кој исчезна над Индискиот Океан во март, да бил киднапиран и одведен на британскиот остров Диего Гарсија, каде се наоѓа воена база од САД. Подоцна тој авион бил искористен во Украина.

Најчудното нешто во случајот со соборениот авион МН17 е тоа што имало лажни пасоши, пасоши со изминат рок и речиси неоштетени пасоши, додека пак лешевите биле стари, односно во фаза на распаѓање.

И двата авиони МН17 и МН370 биле од типот Боинг 777. Исто така, сериските броеви на овие два авиони се речиси идентични M9-MRD и M9-MRO.

Експертите кои ја анализирале аудио снимката од соборениот авион велат дека таа не е еден интегрален фајл туку е составена од повеќе фрагменти и најверојатно била снимена еден ден пред соборувањето.

WebOhrid