Во ОУ „Христо Узунов“ донирани новогодишни пакетчиња на социјално загрозените ученици

Денес во ОУ „Христо Узунов“ раководството на училиштето, Советот на родители при училиштето и со посредство на Дооел „Ноно 2007“ поделија околу 100-тина новогодишни пакетчиња, школски прибор и пакетчиња со сувомеснати производи, негазирани сокови на социјално загрозените ученици.

„Пакетчињата се донација од фирмите „Аг-про“ Струга, школскиот прибор книжарница „Мила“, сокови од „Тем-Хем“ Охрид. И тие како ни е значајна оваа донација за да ги израдуваме нашите ученици. Голема благодарност до сите помагатели!“- вели директорот Тони Симоновски.

HristoUzunovPaketcinja01 HristoUzunovPaketcinja02 HristoUzunovPaketcinja03