Новогодишна честитка на Ротаракт клубот од Охрид

Ротаракт клубот од Охрид упати новогодишна честитка до сите граѓани, во која стои:

Почитувани,

Крајот на годината е секогаш добар повод за сумирање на впечатоците и резултатите од работењето во изминатите 12 месеци, но и добар навестувач на иднината и на нашето подобро утре. Во текот на оваа измината година, членовите на Ротаракт Клубот од Охрид, реализираа повеќе активности со кои придонесоа за подобрување на квалитетот на младиот човек во нашиот град, во духот на идеите втемелени во нашата определба.

Во таа насока и со уште повеќе лични вложувања, ќе продолжиме и во новиот почеток., обединети во хуманите идеали на Ротаријанството за поттикнување на високите етички стандарди и за унапредување на добрата волја и на мирот во светот.

Во тоа име, на вашиот тим и на сите наши сожители им посакуваме 2015 година да им биде исполнета со големи достигнувања, да им донесе позитивни мисли, добра среќа, благосостојба и мир на сите полиња, затоа што иднината на општеството во кое живееме и создаваме и новата надеж зависи од сите нас подеднакво!

Среќни новогодишни празници!“– стои во честитката.