Дистрибуирана помош на семејствата во отсечените села во Дебрца и стариот дел на градот

Тим на Црвен крст Охрид од Единицата за спасување на планина и непристапни терени заедно со претставници на Центарот за управување со кризи-регионална канцеларија Охрид, денес од раните утрински часови дистрибуираа помош во прехрамбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до четири семејства во отсечените села во општина Дебрца, с.Црвена вода, с.Издеглавје и с.Годивје и за уште две фамилии во с.Слатино.

Поради високиот снег за транспорт на помошта беа користени и коњи од месното население Волонтерите на Црвен крст Охрид се активни и во градската средина, особено во стариот дел на градот, каде доставуваат помош во храна и лекови за старите лица кои живеат сами и поради својата здравствена состојба и временските неприлики не се во состојба да излезат од своите домови. И во наредниот период, додека траат ниските температури и проблемите предизвикани од снегот, екипите на Црвен крст Охрид ќе се во постојана координација со ЦУК-Регионална канцеларија Охрид и подготвени и мобилни ќе одговорат на предизвиците.