Училиштето во Пештани го чествува својот патрон Свети Наум

По повод патрониот празник на Основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани, утре, недела, ќе се одржи свечена прослава и осветување на фреска на Св. Наум во холот на училиштето.

Осветувањето на фреската ќе биде со почеток во 17:00 часот, а со него ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски по што и ќе започне свечената приредба подготвена од учениците и нивните наставници.

„Нашето училиште има особена чест и со гордост го носи името на чудотворниот учител Свети Наум Охридски и токму по повод овој наш празник упатуваме покана до сите наши пријатели родители на нашите ученици да бидат дел од овогодишните чествувања на Патронот.“ – изјави проф. Илија Стојаноски, директор на училиштето „Свети Наум Охридски” од Пештани.

WebOhrid