Согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти и во текот на вчерашниот ден (03.01.) од страна на СВР Скопје, односно припадници на повеќе организациски единици заедно со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат на подрачје на СВР Скопје се извршени контроли во вкупно 13 правни лица – угостителски објекти.
Притоа во шест угостителски објекти не се детектирани никакви неправилности: “МЕГАТОН ПРОДУКЦИЈА“ ДООЕЛ Скопје-подружница Дискотека ХО лоцирана на ул. “11-ти Октомври“, “АЛО АЛО ТП Бифе“ – лоцирано на ул. “Кеј 13 Ноември“, “НОВА ЏУБОКС ДООЕЛ“ Скопје – лоциран на ул. “Орце Николов“, “ДПТУ ЧИКАГО СИТИ ДОО“ Скопје лоцирано на ул. “Св. Кирил и Методиј“, “ДПТУ МАКЕДОНСКА СОФРА ДООЕЛ“ Скопје лоцирана на ул. “11 Октомври“ и “ДУТУ КАЛА КАФЕ ПЛУС ДОО“ подружница “КАЛА“ Мала Станица Скопје (Станица 26). Неправилности не се констатирани и во ДПТУ ДЕРЕРО КОМ подружница Кабаре ОКЕАНИК Скопје лоциран на бул. “Партизански Одреди“, но при извршеното легитимирање на 10 лица од страна на УПС од СВР Скопје, кај четири лица заради констатиран прекршок од Законот за лична карта, се издадени 4 платни налози за глоба во износ од по 30 евра. При контролата на “ТАО ДООЕЛ“ Скопје лоцирано на бул.“К.Ј.Питу“’ – Нова Железничка Скопје, при вршење на истата констатирано е дека објектот е претходно затворен од страна на Управата за јавни приходи.
Во останатите контролирани објекти беше констатирано следното:
Во “ДООЕЛ ДЕКСИОН“ Скопје – подружница “ПРИОРИТИ“ на ул. “Народен Фронт“, при извршената контрола се утврдени неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат согласно Законот за трговија – непоседување лиценца за работа, поради што е изречена глоба во износ од 2.500 евра и е донесено Решение за забрана за вршење дејност во рок од 30 дена, а од Управата за јавни приходи се утврдени неправилности по однос на неевидинтирање на дневниот промет на фискалниот апарат на правното лице, поради што од страна на Управата е изречена глоба во вкупен износ од 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице. Воедно и од Управата е донесено Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 15 дена.
Во “ЛАНЧИАНО КАПРИ ДООЕЛ“ Скопје – подружница Кафе бар СТУДИО 54 лоцирано на ул. “Македонија“, при вршење на контролата од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатиран прекршок од Законот за заштита од пушење изречен е налог за глоба во износ од 1.250 евра за правното лице, а од страна на УЈП поради неевидентиран дневен промет на фискалниот апарат, изречена е глоба во износ од вкупно 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице, а донесено беше и Решение од УЈП за забрана на вршење на дејнсот во рок од 15 дена. Од страна на УПС од СВР Скопје на три лица им е издаден платен налог во износ од 50 евра заради извршен прекршок од Законот за заштита од пушење.
Во “ГСМ ФАЗАН ДООЕЛ“ Скопје – подружница “ТРИ ФАЗАНА“ лоцирана во нас. Илинден, од извршена контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат му е издаден налог за поравнување во просториите на Пазарна инспекција, а од страна на УЈП поради неевидентиран дневен промет на фискалниот апарат изречена е глоба во износ од 3.250 евра вкупно, од кои 2.500 евра за правното лице 750 евра за одговорното лице во правното лице и воедно е донесено Решение за забрана за вршење на дејност во рок од 15 дена на правното лице во објектот.
Во “КИВОСТА КИ ДООЕЛ“ Скопје – подружница Ноќен клуб ПИНГВИН ПАБ лоциран на ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“, при извршената контрола од страна на Државниот пазарен инспекторат е издаден налог за поравнување во просториите на Пазарна инспекција а од страна на УЈП поради неевидентиран дневен промет на фискалниот апарат е изречена глоба во вкупен износ од 3.500 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице како и Решение за забрана за вршење дејност во објектот во времетраење од 15 дена.