Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Жировница-Дебар-Струга

Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Струга – Дебар е сеуште во тек.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, со остатоци од снег на коловозите. Поради ниски температури можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.