Припадници на повеќе организациони единици при СВР Скопје во содејство со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти продолжија со контролите во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје, така што вчера (05.01.) извршија контроли во вкупно 25 правни лица – угостителски објекти.
Притоа во девет угостителски објекти не беа евидентирани никакви неправилности: “БИТ ПРОМ ДООЕЛ“ Скопје на ул. “Кеј 13-ти Ноември“ и подружница ресторан ВЕНЕЦИЈА на бул. “Партизански Одреди“; ДТУ “ЕКСТРА ЗЛАТНА РИПКА“ на ул. “Антонио Грубишиќ“; ДПТУ “ДЕРЕРО КОМ ДООЕЛ“ кафе бар БЕЛИЕР КАФЕ лоциран на ул. “Иван Милутиновиќ“; ДТУ “ЕЛ САВАДОР-СТАР КАФЕ“ на ул. “Митрополит Теодосиј Гологанов“; угостителски обејкт “МАСКА“ лоциран на ул. “Владимир Комаров“; ТД “НЕРЦ ДОО“ Скопје објект АСТЕРА на ул. “Њу Делхиска“; угостителски објект “ЛОУ СВИНГ ДООЕЛ“ подружница БРОС КАФЕ лоциран на ул. “Црвена Вода“; угостителски објект на “ЛАОДИКА ДООЕЛ“ – пицерија ЗАНЗИБАР лоциран на ул. “Наум Наумовски Борче“; и угостителски објект на “ГЛИШО ТРЕЈД“ објект НОСТАЛГИЈА лоциран на ул. “Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Потоа во 10 угостителски објекти контролата не е извршена поради тоа што истите биле затворени: угостителски објект ФОНТАНА лоциран во ТЦ Мавровка; угостителски објект ЕЛРЕДО на ул. “Ѓорче Петров“; угостителски објект ГАРДЕН на бул. “Илинденска“; угостителски објект ДВА ЈЕЛЕНА лоциран на ул. “Васил Ѓоргов“; угостителски објект ЗОНА КАФЕ лоциран во ТЦ Мавровка; угостителски објект МЦМ; угостителски објект СКУПИ; угостителски објект КАЈ ЕФТО; угостителски објект УРАНИЈА; и угостителски објект ФУРНА лоциран во нас. Капиштец.
Во угостителскиот објект на ДУПУ “АНГЕЛ ВИЗИЈА ДООЕЛ“ Скопје лоцирано на бул. “Партизански Одреди“ при извршената контрола од страна на УЈП беше констатирано дека не поседува фискален апарат за регистрирање на готовински промет и за истото беше изречена глоба во износ од 3.250 евра од кои 2.500 евра за правното лице и 750 евра за одговорното лице во правното лице во денарска противвредност како и Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 30 дена, за што е изготвен Записник. Од страна на ДПИ поради неиздавање на фискални сметки изречена е глоба во износ од 1.500 евра во денарска противвредност за правното лице и одговорното лице во правното лице.
Во угостителскиот објект на “МИРАКОЛИ УНО ДООЕЛ“ – ресторан МИРАКОЛИ при извршената контрола УЈП констатираше неиздавање на фискални сметки за што е изречена глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност како и Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 15 дена за што беше изготвен и записник, додека од Државниот пазарен инспекторат не беа констатирани неправилности.
При контролата на ДППУ “РЕДОН САФ ДООЕЛ“ Скопје-кафе КЛАСИК лоцирано на бул. “Гоце Делчев“ констатирано е неиздавање на фискални сметки и за истото изречена е глоба во износ од 3.250 евра во денарска противвредност и Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 15 дена, додека од Државниот пазарен инспекторат не беа констатирани неправилности.
Во угостителски објект ТОМЧЕ СОФКА лоциран на ул. “Јордан Константинов Џинот“ беше констатирано нерегистрирање на готовински промет преку фискален апарат, односно неиздавање на фискални сметки за што беше изречена глоба во износ од 3.250 евра во денартска противвредност, како и Решение за забрана за вршење дејност во времетраење од 15 дена, за што изготвен е Записник, додека од ДПИ не беа констатирани неправилности.
Во правно лице “АЛТРЕСА ДООЕЛ“ Скопје, односно во Кафе бар ШКУПИ лоциран на бул. “Крсте Мисирков“од страна на УЈП не беа констатирани неправилности, додека ДПИ констатираше дека не поседуваат нормативи за храна и за истото е задолжен да ги достави на 08.01.2015 год. во просториите на Државниот пазарен инспекторат во спротивно следи постапка за порамнување согласно чл. 69 каде е предвидена глоба за правното лице од 1.200 евра во денарска противвредност и 300 евра за одговорното лице во правното лице.
Во контролата на угостителски објект на “СПИНОФ НСС ДООЕЛ“ Скопје, лоциран на ул. “Стив Наумов“при извршената контрола од страна на Управата за јавни приходи управителот е повикан да приложи документ со кој ќе докаже дека има уплатено за нов тип фискален апарат, а од Државниот пазарен инспекторат не беа констатирани неправилности.
Во изминативе четири дена вкупно беа контролирани 65 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје при што на 21 угостителски објект од страна на УЈП и ДПИ им беа изречени глоби во висина од околу 55.000 евра во денарска противредност, а исто така глоби согласно Законот за пушење им се изречени и на десетина гости затекнати со цигари во објектите, спротивно на законските одредби. Покрај ова на 12 објекти од страна на инспекциските служби им се изречени решенија за времена забрана на дејноста во траење од по 15 дена, освен во два случаи каде што од страна на ДПИ и УЈП беше изречена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена.