ОО на СДСМ Охрид на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик и им посакува празничните денови да ги поминат во добро здравје, радост и среќа.
„Во секој наш дом нека се вгнезди божја љубов и милосрдие.
Инспирирани од Исусовото раѓање, да го славиме и да му се радуваме на животот. Истовремено, во срцата на сите нека се вселат мирот и спокојството, почитта и разбирањето.
Во духот на празникот, секој нека даде љубов, помош и поддршка на своите ближни.
Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди!“- се вели во честитката.