Избрани најдобрите карикатури од конкурсот за карикатура „Поплава, поплава“

По повод Меѓународниот конкурс за карикатура, жири комисијата на Меѓународната културно-научна манифестација „Печалбарски денови“ и Вевчанското културно лето „ВЕВКУЛ 2015“ ги разгледа сите пристигнати карикатури кои беа преку стотина и по неколкуте состаноци ја донесе следната одлука:

– Златна Маска се доделува на Захра Кадем Шаријат од Иран,

– Сребрена Маска се доделува на Луис Пол од Австралија и Маргарита Јанчева од Бугарија и

– Бронзена Маска се доделува на Рикардно Фереира од Португалија, Семеренко Владимир од Русија и Дору Ахинта од Романија.

Жири комисијата оценува дека сите пристигнати карикарури претставуваат висок квалитет и секој автор што има учествувано на конкурсот ќе биде претставен на меѓународната изложба на карикатури во Јули 2015 год. во Вевчани, а истата ќе биде пренесена и во неколку градови во Република Македонија.

Жири комисијата искажува бескрајна благодарност до сите учесници со желба за понатамошна заедничка соработка.
Инаку, колку за напомена на овогодинешниот Конкурс пристигнаа карикатури од многу земји, меѓукои: Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Полска, Украина, Англија, Израел, Иран, Португалија, Русија и други.

Меѓународна културно-научна манифестација

„Печалбарски денови“-Вевчани и

Вевчанско културно лето „Вевкул 2015“.