Отишле во Софија да купат амфитамин, а сакале да го препродадат во Штип

СВР Струмица до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против лицата Ж.М. (26) и З.Ч. (29) двајцата од Штип поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено во член 215 од КЗ на Р. Македонија.

Имено, двајцата пријавени во меѓусебен договор со намера заеднички да остварат противправна имотна корист, неовластено заради продажба на 08 овој месец заминале за Софија, Р. Бугарија и од непознато лице бугарски државјанин купиле за сума од 360 лева психотропна супстанца “амфетамин“ со вкупна тежина од 54,45 gr. Наредниот ден при извршен преглед над првопријавениот обавен од страна на полициски службеници до ПС за ГП и ГН Ново Село, психотропна супстанца е пронајдена скриена во гаќите на првопријавениот.

Во обавен разговор со првопријавениот околку потеклото на психотропна супстанца „амфетамин“, истиот изјавил дека во Софија заедно со второпријавениот ја набавиле психотропна супстанца од НН бугарски државјанин за сума од 360 лева, а со намера истата да ја продадат на лице дилер на овој вид на дрога од подрачјето на градот Штип. Инаку и двајцата минуваат во крим евиденцијата при СВР Штип.