Повик за учество на македонските училишта во проект на Академијата на Централно Европски училишта

Училиштата од Република Македонија се поканети да учествуваат на меѓународен натпревар во организација на Академијата на Централно Европски училишта (ACES), една од најголемите училишни мрежи во Централна и Југоисточна Европа, која им нуди можност на наставниците и учениците да сретнат колеги од други земји, да споделат искуства, да се надградат со иновативни наставни методи и да стекнат нови пријателства и контакти.

Со свои предлог проекти на тема „Прегрни ја солидарноста: Ние се грижиме, се осмелуваме и споделуваме“, можат да учествуваат сите основни и средни училишта во земјава, односно ученици на возраст од 12 до 17 години.

Заинтересираните кандидати треба да се пријават најдоцна до 15 април 2015, 24.00 часот. Најдобрите проекти ќе бидат наградени и добитниците ќе бидат поддржани во реализирањето на проектот.

Работниот јазик е англиски, а меѓу земјите учеснички, освен Република Македонија, се вбројуваат: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Унгарија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Република Словачка и Словенија.

АCES e иницијатива на ERSTE Фондацијата и е организирана од Interkulturelles Zentrum (Vienna) во соработка со VCELI DOM (Bratislava) и е поддржанa од Министерствата за образование на сите земји учеснички.

Дополнителни информации: www.aces.or.at
Информации и контакт:
Interkulturelles Zentrum, Vienna, Austria
Rebecca Zeilinger
T: +43 (0) 1 5867544-43
Rebecca.Zeilinger@iz.or.at
Линкови:
ERSTE Foundation: www.erstestiftung.org
Interkulturelles Zentrum: www.iz.or.at
VCELI DOM: www.vcelidom.sk.