Контроли на угостителски објекти во Охрид, Струга и Дебар

Припадници на СВР Охрид во содејство со инспекциски служби на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат и вчера (16.01), реализираа акциска контрола во 13 угостителски објекти на подрачјето на ПС од ОН Охрид, ПС Струга и ПС Дебар.

Притоа во контролата извршена во “Ланч бар “Кадмо“ на ул. “Коста Абраш“ од страна на УЈП поради неиздавање на фискални сметки објектот ке биде времено затворен 15 дена а изречена е и глоба од 2.500 евра во денарска противвредност за правно лице како и 750 евра за одговорно лице во правното лице.
На подрачјето на ПС од ОН Струга контрола е извршена во угостителските објекти кафе бар “Миа“, “Тренди“, “Стрит“, ресторан “Босфор“, “Ванила вип“ и, “Перла“ при што не беа констатирани неправилности по било кој основ.

На подрачјето пак на ПС од ОН Дебар контрола беше изврешена во шест угпостителски објекти и тоа: кафе бар “Либурн„ “ББС“ слаткарница “Беса“, ресторани “Колонија“, “Фусион“ и “Јон“. Од извршената контрола беа констатирани прекршоци од Законот за заштита од пушење и тоа во кафе бар “Либурн“ каде што е изречена глоба од 500 евра во денарска противвредност за правно лице, како и две глоби од по 150 евра за две физички лица затекнати со цигари во објекто, а идентично и во слаткарницата “Беса“ исто така согласно Законот за пушење е изречена глоба од 500 евра за правното лице, како и две покани за наплата на глоба од по 150 евра во денарска противвредност за две Физичко лице затекнати со цигари во објектот. Во другите четири локали не се евидентирани неправилности

Инаку завчера на подрачјето на СВР Охрид (ПС од ОН Охрид и ПС од ОН Кичево) беа извршени контроли во 16 објекти од кои во пет (два локали во Охрид и три во Кичево) беа евидентирани неправилности. Притоа без изречени глоби во висина над 19.000 евра, а изречени беа и четири времени забрани за вршење дејност две во траење од по 15 дена и две во траење од по 30 дена.