Вечерва, во Куќата на Уранија, куќата на МАНУ, со почеток во 19 часот, во рамките на празнувањето на „ Богојавление- Водици“ на Џон Ралстон Сол, едноод водечките имиња на светската литература и есеистика и претседател на Интернационалниот ПЕН, ќе му биде врачена Светската награда за хуманизам, што ја доделува Охридската академија за хуманизам, во духот на Светиклиментовата прва средновековна школа за хуманизам во Европа.
Во Охрид, градот на УНЕСКО, што ги следи духовните визии на Св. Кирил и Методиј, заштитиниците на Европа и нивните ученици Св. Климент и Св. Наум, ова меѓународно признание се издигна во светски рамки со престижните добитници кои ја пренесоа славата на Охрид, како словенски Ерусалим на сите Меридијани. Досегашни добитници се: Даисаку Икеда – Јапонија, Маноел де Оливеира – Португалија, Александар Сложеницин – Русија, Рави Шанкар – Индија, Питер Брук – Велика Британија, Вида Огњеновиќ – Србија, Херта Милиер – Германија и Светлин Русев – Бугарија.