Цветан Мицкоски го фати Светиот крст во Охрид

Многу бројни верници, од земјава и странство, претставници од дипломатскиот кор, Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски, пратеници и бројни охриѓани утрово на градското пристаниште, кејот и плоштадот го проследија чинот на осветување на езерските води и барање на чесниот крст.

Охриѓанецот Цветан Мицкоски, по потекло од Белчишта, Дебрца беше најсреќниот, од над 1000 капачи: охриѓани, жители на други македонски градови и странци кои во езерските води го бараа Чесниот Крст и кој прв успеа да стигне до него.

Првите честитки ги прими од градоначалникот Никола Бакрачески и кумовите Зоран Милески и Жељко Јоксимовиќ. Чествувањата утрово запчнаа со света архиерејска василева литургија во сите парохиски цркви. Денес бесплатно се служеше топла ракија и традиционалниот специјалитет пача, а за убавата празничната атмосфера придонесоа и настапите на градските хорови и Ансамблот Билјана.

Инаку прославата по повод Богојавление – Водици привршува утре на денот на Рибарите со фрлање на бурето со вино во езерските води и групното капење закажано за 14 часот.

Vodici_20154852 Vodici_20154851 Vodici_20154853