Градоначалникот Бакрачески и Фуере разговараа за светска промоција на Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески и поранешниот евроамбасадорот во Република Македонија Ерван Фуере , синоќа во„ Куќата на Уранија“ имаа работна средба на која разговараа за идните активности за промоција на Охрид , како атрактивна туристичка дестинација интересна за странските туристи од многу земји од светот. На средбата на која присуствуваа и председателот на Советот на општина Охрид Гордана Коњановска, заменик градоначалникот Ангел Јанев и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов, заеднички беше констатирано дека, како резултат на взаемно договорено лобирање, престижниот „ Њујорк Тајмс“ ,неодамна објави статија и ги препорача Охрид и Македонија, како топ- дестинации кои треба да се посетат.

Имавме пријатна и конструктивна средба со поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере кој е наш осведочен пријател и лобист кој помага во промоцијата на туризмот и развој на другите сектори. Како искусен дипломат, драгоцена ќе ни биде неговата помош околу користењето на средства од фондовите на Европската унија и трансграничната соработка“– рече градоначалникот Никола Бакрачески.Градоначалникот додаде дека на средбата станало збор и за текот на капиталните проекти и за подготовките на новите стратегии за промоција на туризмот и локалниот економски развој.

Поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере изрази благодарност за средбата со градоначалникот Никола Бакрачески и искреното и топло гостопримство на граѓаните на Охрид. „ Се чуствувам прекрасно во Охрид и затоа ја користам секоја прилика да бидам меѓу вас. Како и досега, ќе го употребам мојот и авторитетот на моите пријатели за промоција на Охрид во светот и активно ќе работам на европската поддршка за негов динамичен економски развој“- рече Фуере.

Амбасадорот Фуере, години наназад, па и сега по неговото пензионирање, присуствува на богојавленските празнувања, а двапати на Денот на рибарите го извлече бурето со вино од водите на Охридското Езеро.

Bakraceski_Fuere_4851