Поради магла намалена видливоста кај Крушево и на Пресека

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка и Маврово, но засега не се задржува на коловозот, додека во југозападниот дел од републиката врне дожд.

Поради појава на магла, намалена видливост до 50 метри има во Крушево и на планинскиот премин Пресека.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.