Дваесет годишниот Климент Довлев прв доплива до бурето со црвено вино кое традиционално се фрла на денот на рибарите. Подготовките за овај ден започнаа рано утринава кога почна да се подготвува 1600kg рибна чорба во казанот кој беше поставен на охридското пристаниште. Покрај рибна чорба, се служеше вино и плашица.
Градоначалникот Никола Бакрачески на охриѓани им го честита големиот православен христијански празник Св. Јован Крстител и им посака сите да бидат благословени од Бога и нивните срца да бидат исполнети со добра мисла, позитивна енергија и оваа година да биде плодна на секое поле за сите охриѓани и градот Охрид.
Дополнително манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма со охридска староградска музика, а додека траеше манифестацијата на малиот плоштад се одвиваше изложба на риболовна опрема.
Со капењето на рибарите и скокањето по бурињата со вино се заокружуваат богојавленските празнувања.