Сообраќајот на сите патишта се одвива без забрани и по влажни коловози

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и по влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има во Маврово.

Поради појава на магла, намалена видливост има на патните правци: Тетово – Гостивар и Тетово – Скопје 20 метри видливост, Велес – Скопје 20-50 м., Велес – Штип 50-100 м., Градско – Неготино и Градско – Прилеп 50 м., Охрид вид. 50м. и Струмица 100-150 м.

На патниот правец Маврово – Жировница – Дебар, поради поголем одрон кај месноста Јанче, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, во должина од 50 метри. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.