Две пријави против поранешен фунционер

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до надлежниот јавен Обвинител достави два поднесока против З.В.(55) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил две кривични дела и тоа „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали казниво по член 396 ст.1 од Кривичниот Законик и „Прикажување на порнографски материјал на дете“, казниво по чл.193 од Кривичниот Законик.

Врз основа на претходни сомненија за сторени тешки кривични дела, постапувајќи по Наредба на Судија на претходна постапка за претрес на дом и други простории, беше извршен претрес во домот на осомничениот. При претресот, покрај другите пронајдени предмети, беа пронајдени и два пиштоли, од кои првиот марка Бровинг-Херстол калибар 9мм и вториот пиштол марка Црвена Застава М 70, калибар 7,65 мм, за кои во моментот на претресот и одземањето на оружјето не беше пронајдена дозвола за легално поседување. Поради основано сомневање за сторено кривично дело од страна на Јавен Обвинител издадена е Наредба за вештачење на оружјето.

Исто така покрај претресот, од страна на надлежните организациони единици при Централните Полициски Служби постапено е и по Наредба за одземање на компјутерски систем и нивна анализа. При првичните дигитално-форензички испитувања, утврдени се обележја за сторено кривично дело „Прикажување на порнографски материјал на дете“, за што веднеш, писмено е известен и надлежниот Јавен Обвинител. Дигатално форензичката анализа на одземените материјали ќе продолжи во текот на наредните денови.

Вчера, полициски службеници од СВР Охрид, исто така постапија по Наредба издадена од страна на Судија на претходна постапка за претрес на дом и други простории, при што извршен е претрес во домот на А.В.(27) во Струга, познат сторител на кривични дела од областа на насилниот криминал и тоа: Убиство во обид, Предизвикување на општа опасност, Насилство, Изнуди и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали. При претресот одземени се лап топ компјутер и мобилни телефонски апарати, кои исто така треба да бидат предмет на понатомошни дигитално-форензички испитувања, со цел утврдување на постоење на обележја за сторени други кривични дела.

Осомничениот З.В. во вечерните часови беше изведен пред надлежен судија на претходна постапка од чија страна му е изречена мерка притвор.