Спасов: Во Охрид има повеќе од 90 позитивни одлуки на отпишани долгови досега

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во текот на вчерашниот ден,  ги презентираа досегашните резултати и реализацијата на проектот и еднократен отпис на долговите на граѓаните кои што се наоѓаат во социјален ризик и кои се во најтешка социјална положба. Во рамките на Општина Охрид, согласно последните податоци, односно досега обработени предмети има повеќе од 90 позитивни одлуки кои што се доставени до граѓаните, одговори на новинарско прашање, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов по свеченото отворање на градинката во други просторни услови во ОУ „Кочо Рацин“.

„Овој проект кој што го дадовме како ветување, и кој е дел од Владата на Р.Македонија е во напредна фаза на реализација, досега вкупно има 4 670 позитивни одлуки за еднократен отпис на долговите во вкупен избнос во над 7 милиони евра, што е вистински показател на успешноста на проектот и големината и обемот на долговите по основ на потрошена електрична енергија, долгови према банките, долови по основ на радиодифузна такса и долгови према топлификација кој што еднократно се отпишуваат.

Во наредниот период очекуваме бројот да се зголемува и дополнително кога ќе ги имаме сите податоци повторно ќе ги презентираме на јавноста, онака како што транспарентно ја најавивме реализацијата во овој проект“. – изјави Спасов.

Во однос на исплатата на социјална парична помош и субвенциите за потрошувачка енергија, министерот Спасов истакна дека воопшто нема задоцнување.

„Последната исплата на примателите на социјална парична помош се случи на средината на декември минатата година. Очекуваме во текот на следната година да се изврши исплата на социјалната парична помош за изминатиот период и исто така би сакал да истакнам дека и надоместокот за туѓа нега, односно за помош/нега од трето лице коишто има одредени дезиформации дека не се исплаќа е исплатен изминатата недела“– рече Спасов и додаде:

„Во однос на субвенционирањето за потрошувачка енергија, примателите на социјална парична помош, истиот се врши редовно, огласно програмата на Владата и проектот кој е в0о рамките на програмата е планирано континуирано зголемување на субвенционирањето за потрошувачка енергија, односно од јули 2015 година околу 10.000 граѓани кои што имаат право можат да ја остварат оваа субвенција, досега добиваа 700 денари надометок, а веќе од јули годинава ќе добиваат надоместок од 800 денари.“– додаде Спасов.

WebOhrid