Висока делегација од збратимениот кинески град со Охрид, Далиан утре ќе биде во работна посета на општина Охрид.
Во рамки на посетата предвидено е потпишување на меморандум за соработка помеѓу претставници од Сектор за туризам и локален економски развој од Охрид и од Бирото за туризам од Далиан.
Градот Далиан е еден од најразвиените градови во Кина, лоциран во најбогатата кинеска провинција Манџурија.
Пристаништето во Далиан е на десетто место според обртот, а неговиот капацитет за прием на бродови е на дваесетто место во Светот. Регионот на градот Далиан е и еден од главните туристички центри на Кина, кој минатата година го посетиле 53 милиони туристи од кои 11 милиони странци. Во градот живеат над 10 милиони жители и годишен БДП од 70 милијарди долари. Далиан е и образовен центар со 31 универзитет.