Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска од денес до 3 февруари, ќе учествува на Светскиот самит за мобилни апликации, кој се одржува во Абу Даби.
Светскиот самит ги избира и ги промовира најдобрите и најиновативните мобилни апликации од сите земји членки на Обединетите Нации, односно од претприемачите кои развиваат апликации со влијание врз глобалните општествени движења. Поднесените предлог-апликации од целиот свет ќе бидат оценувани од страна на жири комисија, со цел да се изберат најдобрите решенија за 2014 година.
Инаку, Арсовска Томовска ќе биде еден од говорниците на самитот, на кој ќе се дискутира за мобилните апликации, поддршката на мобилната технологија и други теми.
На самитот ќе се истакне и ќе се зајакне улогата за користењето на ИКТ претприемништвото, со цел да се поттикне одржливо глобално информатичко општество и да се даде поддршка на милениумските развојни цели.
Наградата на Светскиот самит беше иницирана во 2003 година, во рамките на Светскиот самит на информатичко општество на Обединетите Нации.