Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Забрана за движење на тешки товарни возила има само на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Поради излевање на реката Брегалница, превентивно се затвора сообраќајот на патниот правец Штип – Ново Село.

Поради лавина на патниот правец Маврово – Дебар кај манастирот Бигорски, сообраќајот беше во целосен прекин. Сега е исчистена една коловозна лента и се работи на целосно расчистување.

Поради поголеми одрони на патот Кочани – Македонска Каменица од с.Истибања до брана Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента.

Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.

Забраната за движење, поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од снег во југозападниот дел од Македонија, додека во останатиот дел врне дожд.