Патниот правец Кочани – Делчево е затворен за сообраќај поради големи одрони од карпи. Возилата се пренасочуваат по патниот правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.
На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради полава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.
Поради излевање на реката Брегалница, превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар. Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.
Забраната за движење, поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.
Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло
На регионалниот патен правец Демир Хисар – Прилеп сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, кој беше во прекин поради лавина кај манастирот Св. Јован Бигорски е нормализиран.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб снег провејува на патните правци кон Маврово и Крушево, како и на планинските премини Стража и Пресека, но не се задржува на коловоз.