Врнежи од слаб снег на патните правци кон Маврово, Крушево, Пресека и Охрид

Поради големи одрони од камења, сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е во прекин. Возилата се пренасочуват по патниот правец Кочани – Виница – Делчево.

На патниот правец Демир Капија-Корешница поради излевање на реката Вардар воведена е забрана за патнички возила.

На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.

Поради излевање на реката Брегалница, превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар. Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.

Забраната за движење, поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е сеуште во тек.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на патните правци кон Маврово, Крушево, Пресека и Охрид, но не се задржува на коловоз.