Општина Охрид ,е една од водечките општини во Република Македонија во делот на водењето на социјалната политика и грижата за социјално ранливите категории на граѓани. И покрај наследената тешка финансиска состојба охридската локална самоуправа за период од неполни две години преку различите програми и активности од својот буџет за семејствата од социјален ризик издвои 6 049 525 оо денари. Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната прес конференција информира дека субвенционирањето на дел од трошоците односно сметките кон општинските јавни претпријатија на социјално ранливите категории на граѓани, поддршка на наталитетот со еднократна парична помош на родилките, континуираните стипендии за учениците и студентите, бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица, помош за семејствата чии домови биле опожарени, континуирана поддршка на центарот за згрижување на лица со посебни потреби „Зраци“, помош во снабдување со огревно дрво за оваа категорија на граѓани, неколкукратните хуманитарни и донаторски активности реализирани во соработка со Црвениот Крст на Охрид, се само дел од социјалните проекти кои за неполни две години ги реализира општина Охрид.
„Општина Охрид на месечна основа во износ од 600 денари субвенционира одредени комунални трошоци на социјално ранливите граѓани на Охрид што тие ги имаат кон јавните претпријатија „Комуналец“, „Проаква“, „Нискоградба“ и „Градски гробишта“. Оваа субвенција ќе ја користат околу 300 охриѓани, корисници на социјална помош или корисници на постојана парична помош, невработени подолго од 12 месеци или лица кои имаат најмалку 70% инвалидитет или тешка хронична болест. Со овој проект за овие 300 охриѓани, општината ќе издвојува околу 180. 000 денари секој месец. Во насока на поттикнување на наталитетот, од месец јануари 2014 година како општина со правен акт се обврзавм и почнавме со реализација на проект за доделување парична помош во износ од 5 000 денари за секое новороденче родено во Општата Болница во Охрид. Од почетокот на 2014 до денес ваква парична помош е доделена на 419 мајки од Охрид, односно по овој основ Општината исплатила 2 милион 327 илјади 754 денари“, – истакна градоначалникот Бакрачески.
Тој потенцира дека, стипендирањето на учениците и студентите, како и бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика се два проекти кои се најдобра потврда за грижата и посветеноста на општина Охрид кон приоритети да го направи достапен образовниот и едукативен процес на сите граѓани независно од социјалниот статус.
„Стипендијата за талентирани ученици изнесува 1500 денари месечно додека за талентираните студенти истата изнесува 2000 денари месечно. По овој основ за учебната 2013-14 година општината исплатила 726.000 денари, а за учебната 2014-15 година веќе се исплатени 274.000 денари, или вкупно 1. 000.000.оо денари до сега, и овој проект продолжува континуирано да се реализира и во иднина. Со проектот за бесплатните курсеви по англиски и германски јазик и информатика во износ од 2 000 денари за изучување на јазици и 1 500 денари за изучување на информатика, за учебната 2014/15 година се опфатени 34 охриѓани кои доаѓаат од семејства со социјален ризик“, – рече Градоначалникот кој се осврна и на безрезервната поддршка што актуелната локална власт ја дава на семејствата чии домови бил, опожарени.
„Кога станува збор за водење на социјалната политика на Општината , денес сум особено исполнет и како Градоначалник и како сограѓанин , што подадовме рака на семејствата чии домови биле опожарени во минатото а најголемиот дел од нив во периодот на претходната локална власт кога се немало слух за надминување на несреќата на погодените. Од вкупно 13–те опожарени објекти за период од 2011 до 2014 , дури 8 биле опожарени пред добивање на нашиот мандат во локалната, но за жал обврската да се обештетат нашите сограѓани не била исполнета од страна на минатото раководство. Но тоа не ги обесхрабри нашите настојувања да им помогнеме на сите наши сограѓани чии куќи страдаа во пожарите во минатото , и во период од 4. 4 2013 до 31. 12 2014 година за опожарени објекти, општината исплатила вкупно 2. 475. 771. 00 денари“, – потенцира Градоначалникот.
Со цел помош при згрижувањето и адекватна нега на лицата со посебни потреби во дневниот центар “Зраци“ како и со цел да помогнеме на невработените лица , општина Охрид преку средства обезбедени од UNDP две години по ред за период од по 6 месеци обезбедува средства за работно ангажирање на лица кои ќе работат со децата од овој центар.
„Во рамки на својата социјална програма општината изминатиов период реализира и неколкукратно доделување на пакети со храна и средства за хигиена, како и доделување на огревно дрво на ранливите категории на граѓани. Освен тоа Локалната, континуирано и активно се вклучува со свои средства во сите хуманитарни акции кои ги реализира заеднички со Црвениот крст – Охрид. Општина Охрид финансиски ќе ги помогне и семејствата кои изминативе денови беа поплавени по неколкудневните поројни врнежи од дожд во Охрид“, – потсети градоначалникот Бакрачески кој подвлече дека она што преставува врвен приоритет на општина Охрид во делот на подобрување на животниот стандард на охриѓани е борбата за стопанско заживување на Охрид и отворање на нови работни места, напори кои општината ги води заедно со Владата на Р.Македонија во континуитет и кои секако се насочени кон намалување на бројот на лица кои се од социјален ризик. Влезот на двата автомобилски гиганти „ОДВ- Електрик“ и „Костел“ во Охрид се можност за нов почеток на овие лица и нивно активно вклучување во пазарот на труд.
Социјалната политика на општина Охрид преставува уште една потврда на реализираните ветувања на градоначалникот Бакрачески во поглед на заложбите за подобрување на условите за живот на социјално ранливите категории луѓе.