Полициски службеници од СВР Охрид даруваа крв

Петнаесет полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид денес доброволно даруваа крв во рамките на акцијата што претпладнево се одржа во службените простории на СВР Охрид.

Оваа хумана активност е во рамките на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената динамика, предвидени се најмалку три вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици.

На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност што живот значи, како и форма за поголемо приближување на СВР Охрид кон граѓаните.