Младата репрезентација во група со Франција, Шкотска, Северна Ирска, Исланд и Украина

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на извлекување во Нион ги доби противниците во квалификациите за Европското Првенство во Полска 2017 година.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски се наоѓаат во групата 3 со селекците на Франција, Шкотска, Северна Ирска, Исланд и Украина.

Победниците од секоја група обезбедуваат директен пласман на Европското првенство во Полска 2017, додека четирите најдобро второпласирани репрезентации ќе играат дополнителен бараж за за место на европски шампионат. Квалификациите ги отвораме на 11 јуни на гостување во Исланд.

11.06.2015 Исланд-Македонија

05.09.2015 Македонија-Украина

13.10.2015 Северна Ирска-Македонија

15.11.2015 Македонија-Франција

24.03.2016 Македонија-Исланд

28.03.2016 Франција-Македонија

27.05.2016 Украина-Македонија

02.09.2016 Шкотска-Македонија

06.09.2016 Македонија-Северна Ирска

08.10.2016 Македонија-Шкотска