Во Основното Училиште „Христо Узунов“ започна хуманитарната акција за поплавените подрачја во Источна Македонија.
Во акцијата учествуваа учениците, родителите и наставниците при училиштето и донираа средства за лична хигиена и дезинфекција и вода.
„Уште еднаш хуманиот однос на нашите ученици, несебичната поддршка на родителите и наставниците дојде до израз во нашето училиште. впрочем биле организирани вакви акции кога и да било потребно, се разбира во соработка со Црвениот крст Охрид.“- вели директорот на училиштето, Тони Симоновски.
Хуманитарната акција во ОУ „Христо Узунов“ продолжува и следната недела.