Во рамките на свеченостите на годинашните „Прличеви беседи“, денеска на гробот на ловороносецот „Григор Прличев“, што се наоѓа до црквата „Св. Богородица- Перивлепта“, беше одржана панихида и беше положено цвеќе.
На гробот на Прличев цвеќе положија градоначалникот Никола Бакрачески и претставници на институциите што го носат неговото име. Претходно беше положено цвеќе на бистата, што се наоѓа во кругот на Основното училиште „Григор Прличев“.