Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

Поради интезивни врнежи од снег и ниски температури, се воведува забрана за тешки товарни возила на патот правец крак Маврово-Дебар.

На планинскиот премин Ѓавато воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, поради снег на коловозот. За останатите видови на возила се препорачува употреба на зимска опрема.

Според информациите добиени од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег кој не се задржува на коловоз има на Попова Шапка, Стража, Маврово, Прилеп, Ресен, Битола и Крушево, а снег со среден интензитет кој се задржува на коловоз има во Буково, Плетвар, Пресека, Железнец и Ѓавато.