Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот, Кристијан Џамбазовски од 05 до 09 февруари 2015 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам Brussels Holiday Expo во Брисел, Белгија 2015 година.
Интернационалната туристичка берза “Brussels Holiday Expo” годинава е форум за презентација на 100 земји и повеќе од илјада излагачи од областа на туризмот. На овој саем традиционално е претставена Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што на пазарот во земјите на Бенелукс се претстави како привлечна и атрактивна туристичка дестинација.
Македонија успешно беше претставена како сериозен учесник во најважниот туристички саем во земјите на Бенелукс. Директорот Кристијан Џамбазовски оствари средба со претставник на тур операторот “Jet Air” кои продаваат пакети за патувања во голем дел на земјите од светот и е еден од најголемите тур-оператори во Белгија, ќерка фирма на TUI. Беше остварена средба и со директорот на “Rantour”, на која беше договорена идна соработка и истите беа поканети да ја посетат Македонија на информативна тура. Целта е вметнување на Македонија во нивните понуди и зголемување на бројот на туристи. Претставниците на АППТРМ остварија состаноци за идна соработка со туристичката агенција “Sa Veurs du Voyage” со која исто така беше договорено да се поканат на информативно патување во Македонија и пројавија голем интерес за државата како една неоткриена светска туристичка дестинација.
Беше остварен и состанок со претставник на “De Reisspecialist” кој е еден од поголемите туроператори во Белгија со кого е договорена идна соработка, а со цел промовирање на Македонија на белгискиот пазар.
Штандот на АППТРМ на овој саем го посетија и голем број на значајни професионалци од областа на туризмот, како и голем број на новинари од значајни белгиски медиуми пред кои директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, г-дин Кристијан Џамбазовски дадe интервјуа, како и значајни травел патувачи и блогери.
АППТ организираше дегустација на македонски вина со вкусна традиционална македонска храна, привлекувајќи голем број на посетители кои не останaa рамнодушни од новата атрактивна дестинација на Балканот и пошироко. Особено заинтересирани беа за езерскиот, културниот, активниот и винскиот туризам.