Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0.2% на месечно ниво, а за 1.7% на годишно ниво.

Во декември 2014, во споредба со ноември 2014, продажните цени на производителите на индустрискипроизводи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1.1%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.1%.

Во декември 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 11.5%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 3.1%.