Соопштение од МОН

Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) информираат дека преговорите помеѓу претставниците на двете страни во рамки на социјалниот дијалог на највисоко ниво, се реализираат интензивно и во позитивна насока.

Согласно разговорите на досега остварените средби, очекувањата на социјалните партнери по однос на реализацијата на взаемно прифатливата спогодба постигната на 3.2.2015 година, се позитивни, со оглед на постигнатиот степен на приближеност на ставовите за повеќе точки кои се предмет на дискусија и анализа.

Двете страни изразуваат задоволство и уверување дека конструктивноста и натаму ќе биде основна одлика во пристапот за водењето на ефикасен и ефективен социјален дијалог и во исполнувањето на обврските произлезени од истиот.