Охриѓанката Викторија Алексиоска првонаградена на литературниот конкурс во Струмица

Ученичката Викторија Алексиоска од ОУ„Кочо Рацин“-Охрид, е добитник на првата награда на литературниот конкурс кој по повод Струмичкиот карневал го распиша библиотеката „Благој Јанков- Мучето“ од Струмица. Конкурсот беше анонимен, односно се учествуваше под шифри а наградите беа поделени во три категории за ученици од основно, средно образование и возрасни.

Во знакот на Карневалот наградените ученици при доделувањето на наградите кое се случи на 19-ти овој месец носеа и маски . Дел од песните беа со хумористична содржина и изведени на дијалект што придонесе целата атмосфера да биде забавна.

Ученичката Викторија Алексиоска првата награда ја понесе под менторство на наставничката Наташа Неданоска.

Директорката на струмичката библиотека, Тања Гошева, искажа голема благодарност за учеството, а уште поголемо беше задоволство за присутноста на учениците, менторите и делегациите од нивните училишта.

prvonagradena_4001