Новиот тримесечен циклус од едукативната програма „Детски час за приказни“ (Children Story Hour) која веќе шеста година Црвен крст Охрид ја спроведува во соработка со Американскиот Мировен Корпус, започнува на 26-ти февруари (четврток).
Покрај, креативните, забавно-едукативни содржини наменети за децата од 4-8 годишна возраст, овој циклус ќе изобилува и со корисни содржини за родителите, кои во времето додека нивното дете е на Детскиот час за приказни, тие ќе имаат можност, да учествуваат на советодавните работилници, за корисни теми поврзани со психофизичкиот развој, здравствените навики, социјализацијата на своите деца. За тоа ќе се погрижат стручни лица-психолози, педијатри, стоматолози и дефектолози.