Во рамките на образовните активности, денеска дел од учениците од Основното училиште „Кочо Рацин“ ја посетија општина Охрид.
Тие обиколија дел од службите на локалната администрација и се запознаа со нивното функционирање и делокругот на работата на Локалната самоуправа.