Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Ведран Морнар, Министер за наука, образование и спорт на Република Хрватска.
На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Хрватска во сферата на образованието, науката и спортот.
„Особено сум задоволен што одличните политички односи меѓу двете држави се рефлектираат со конкретна соработка во останатите области како што е образованието”, истакна претседателот Иванов на средбата.
Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка меѓу Република Македонија и Република Хрватска во образовниот систем, и изразија очекување со склучувањето на Програма за соработка во областа на науката и технологијата за периодот 2015-2018 година, уште повеќе да се динамизира соработката.