Груевски: Македонија била таргет на снимање на странска разузнавачка служба

На денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски истакна дека шпионажата ја вршеле професионалци од висок калибар кои биле високо обучени за такви дејствија и дека Македонија била таргет на прислушкување на странска разузнавачка служба.

-Снимано било со тактичка опрема, откао Зоран Заев упати зкани кон мене, МВР ангажраше странски експерт кој докажа дека непознат сторител во Скопје нелегално снима разговори. Локацијата на снимањето се менувала во радиус од околу 2 километри, но главно се одвивала низ Центар околу државните институции, рече Груевски.

Груевски додаде дека опремата за прислушкување најчесто била приклучувана во периодот од 12 до 18 часот, посочувајќи дека истрагата околу ова се уште трае.

-Македонија била таргет на прислушување од странска служа, а кон средината на 2014 за овие маеријали се заинтересирало и лицето Зоран Заев, кој најпрво со нив се обиде да изнуди техничка влада. Директните извршители се уапсени. За останаите ќе следи судска постапка, посочи Груевски на прес-конференцијата.